• 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12

Проблемот со недостаток на самоиницијативност, самодоверба и недоволната информираност на младите студенти за претприемништвото, за можностите што ги нуди интернетот и е – маркетингот, развој на сопствен бизнис од своето хоби, талент со што ќе генерираат сопствени производи за остварување на приход, може да се надмине со имплементирање на нашиот предлог проект кој преку формите на интерактивна обука, заедничко дружење, практична работа, промоција ќе обезбеди надградување на капацитетите на младите студенти и ќе обезбеди услови за самовработување. Иновативноста на проектот е што младите ќе имаат можност од своето хоби, она што со љубов го работат, да развијат сопствен бизнис.
Носител на проектот „Чекори за само­врабо­тување на младите - од хоби до сопствен бизнис“ финансиран од Влада на Република Македонија е ЗХА"СИНЕРГИЈА"- Штип, а партнер е Државниот студенски дом „Браќа Миладиновци “ – Штип

Здружението за хуманитарни активности СИНЕРГИЈА од Штип е формирано на 26.11.2002 година во Штип.

Визија - Штип - град на хумани граѓани со позитивна творечка енергија кон себе и кон секого

Мисија - Развивање и хуманизација меѓу општествените групи преку механизми за владеење на правото, меѓукултурна соработка и поттикнување на граѓанско учество.

Здружението дејствува на територијата на општина Штип и територијата на Р. Македонија. Името на Здружението „Синергија“ значи квалитетно обединување на позитивна творечка енергија насочена кон развивање на човечноста во сите нас и кон секого, развивање однос кон луѓето и сите живи суштества проникнат со љубов и почитување на човековото достоинство. Мотото под кое е основано нашето Здружение за хуманитарни активности „Синергија“ од Штип е:

НАШИТЕ ДЕЛА НЕКА ЗБОРУВААТ ПОГЛАСНО ОД ЗБОРОВИТЕ.

Здружението е основано поради:

· Развивање и хуманизација на односите меѓу општествените групи

· Остварување на хуманитарни активности

· Изнаоѓање на механизми за остварување на правата на детето и жената

· Поттикнување на меѓукултурна соработка и демократија

· Следење и мониторинг на избори

 

ЛИСТА НА АКТИВНОСТИ ЗХА „СИНЕРГИЈА“ ШТИП

Во изминатиот период ЗХА "Синергија" во имплементацијата на своите активности се раководеше од својата визија за изградување на хумано демократско општество во кое ќе се пробуди свеста кај граѓанинот ќе проговори и воскресне хуманоста за да се пружи раката кон секој поединец кому му е потребна. Програмските определби се однесуваат на :

1. Хуманитарни активности од областа на социјалата.
2. Имплементација на човековите права.
3. Инклузија на социјално исклучени групи.
4. Меѓуетничка културна соработка и толеранција
5. Владеење на правото по Европски стандарди
7. Борба против мито и корупција
8. Мониторинг на изборниот процес.

ЗХА „ Синергија “ од своето основање во 2002 год. ги има имплементирано следните активности и поректи :
1. Хуманитарна акција под мотото “Животот тече понатаму- насмевни се” организирана по повод Божиќните празници за деца без родители спонзорирана од фирми и граѓани од Штип.
2. Промоција на Здружението за хуманитарни активности СИНЕРГИЈА” од Штип на 9 јануари 2003 година проследена со пригодна програма.
3. Прв проект со кој аплицираше ЗХА”СИНЕРГИЈА” на конкурсот на ФИООМ во програмата “Уметноста за општествена промена” и беше финансиски поддржан е “Психосоцијална реинтеграција на деца без родители”.
4. Наместо честитка за денот на жената Здружението под покровителство и донација на Градоначалникот на Штип, организираше дружење со пригодна вечера за мајките на децата од целната група.
5. По повод Велигденските празници Здружението организира и спроведе, за децата без родители од основните училишта во град Штип хуманитарна акција и им подели скромни подароци , но голема радост за нив..
6. Втор проект е “Запознај ме - помогни ми” – финансиски поддржан од ФИООМН и се реализира од 1 јуни до 30 септември 2003 година.
7. На конкурсот на ФИООМ добиен е бесплатен Интернет приклучок на Сонет провајдер за потребите на Здружението во траење од една година.
8. На почетокот на новата учебна 2003/2004 година Здружението организираше хуманитарна акција преку сите јавни медиуми во градот Штип за прибирање на стари употребливи учебници од ученици во училиштата во градот и им беа поделени на ученици од социјално загрозени семејства.
9. На саемот на НВО во ноември 2003 година ЗХА Синергија доби награда за најдобра презентација во конкуренција од 250 здруженија и организации . Наградата се состоеше во бесплатана обука од обучувачи од Институтот за трајни заедници.
10. Од 20 декември 2003 година ЗХА Синергија започна со реализација на проектот Развој на политики за бесплатна правна помош.финансиран од Фондацијата Институт отворено општество Македонија кој заврши на 31 декември 2004 година.
11. Има добиено трета награда од Фондацијата ФОРД- Компани од областа на проекти за млади во 2004 година.
12. Како членка на ЕЦМП Мрежата реализираше мултиетнички проект “Запознај ме и дружи се со мене” во соработка со други 2 организации од Штип.
13. Како членка во НВО Мрежа 7 - Штип учествуваше во два проекти кои се реализраа во 2005 година: “Граѓаните за градот” и “Децентрализација ДА, а што е тоа?” и заедно со Мрежата и Центарот за поддршка на НВО Штип организираше Форум “Штипјани за Штип” и акција за собирање потписи за дисперзија на студиите во Штип. Во 2005 година (април-септември) ЗХА Синергија беше координатор на неформалната НВО Мрежа 7
14. Хуманитарна акција во храна, облека, книги и др. по повод светската недела на детето во 2005 спроведена во село Јунузлија -Штип за социјално загрозените семејства.
15. Кординатор на активноста ,,Промоција на млади поети,, од основните училишта во градот во организација на ,,НВО Мрежа 7,, со финансиска поддршка на ЦПНВО - 2006г.

Реализирани активности во периодот 2007/ 2008 г.

1. Проект ,,Мултиетнички бонтон за млади,, -, финасиран од Агенција за млади и спорт -2007 г.
2. Проект,, Еден час за себе,, ( на тема семејно насилство) - финасиран од Влада на Р.Македонија - Министерство за финансии -2007 г.
3. Проектот,,Подигни ја својата морална свест,, - финасиран од Америчка амбасада- партнери со Радио Канал 77 во – 2007 г.
4. Хуманитарна акција - аукција на уметнички дела и реализација на летен едукативен камп за децата со посебни потреби- 2007 г.
5. Летен едукативен камп “ И ние можеме” за деца со посебни образовни потреби и нивните родители, Охрид 2008г.- финансиран од ЈРС и НВО “Милосрдие” при МПЦ.
6. Хуманитарна акција по мотото “ СИТЕ СМЕ ЕДНО” – Продажна изложба на детски ликовни творби во соработка со Радио Канал 77, НУБ “ Гоце Делчев” – Штип, по повод одбележувањето на Светскиот ден на лицата со инвалидитет 3 – ти декември. Собраните средства беа доделени на родителите на децата со аутизам и АДХД од здружението “ Свет на будење “- Штип, 2008 г.

Реализирани активности во 2009 г.

1. Проект „НВО Ресурс центар,, - финансиран од Влада на Р.Македонија 2009 г.
2. Проект “Младите во акција против семејното насилство “ – финасиран од Агенција за млади и спорт, 2009 г.
3. Проект “ Биди свесен – корупцијата не им се случува само на другите “ –во партнерство со Локалната Самоуправа на општина Штип, финасиран од УНДП
4. Контакт точка за источниот регион во програмата “Младите во акција” – финсирано од “ Национална агенција за европски образовни програми и мобилност “.

Реализирани активности во 2010

1. Имплементација на проектот насловен како „ Како е да се биде во ЕУ и како е да се биде надвор од ЕУ “ – финансиран од Влада на Република Македонија, Генерален секратаријат за соработка со НВО.

2. Партнер на НВО „Еуроалтернативес 21„ од Јакоруда, Република Бугарија во имплементација на меѓународниот проект„ Сиромаштијата има лице на жена”

3. Спроведување на иницијативата на УНДП, конкурс за есеи за учениците од средните училишта на тема : Како корупцијата влијае на животот на младите луѓе? Што можете вие да направите во вашата заедница за борба против корупцијата со која вие се соочувате?

4. Партнер на Коалиција на младински организации „СЕГА” во имплементацијата на проектот “Инвестирај во твоето образование” во 5 општини во Република Македонија (Тетово, Штип, Прилеп, Охрид и Скопје).

5. Претставник на ЗХА „ Синергија” како член на МППС учествуваше во обуките за изработка на статистичка анализа за сиромаштија и социјалната исклученост во делот за Образование и детска заштита.

Реализирани активности во 2011
1. Имплементација во тек на проектот насловен како „Младите преку Старт-ап бизнис-креатори на локален еконосмки развој”– финансиран од Влада на Република Македонија, Генерален секратаријат за соработка со НВО
2. Претставник на ЗХА „ Синергија” – Штип, учествуваше во работната група за ревидирање на стратегијата за ЛЕР на Општина Штип, делот за социјала и здравство
3. Претставник на ЗХА „ Синергија” – Штип, учествуваше во изготвување на ЛАП на Општина Штип за лица со инвалидност .
4. Претставник на ЗХА „ Синергија” ќе учествува на младински тренинг во Џенова- Италија

Реaлизирани активности во 2012
1. Имплементација на проектот „Едуцирана жена – моќна жена“ поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, во партнерство со НУ-УБиблиотека „Гоце Делчев“ Штип
2. Партнер на НУ-УБиблиотека „Гоце Делчев“- Штип во имплементација на проектот „Библиотека на тркала-библиотека по волјата на земјоделците“, финансиран од EIFL (чии главни донатори се Бил и Мелинда Гејтс и Форд фондацијата).

Реaлизирани активности во 2013
1. Мониторинг на Локалните избори ЗХА „Синергија“- Штип во име на Коалицијата “Излези да гласаш“ изборниот процес во првиот круг го следеше со 3.534 волонтери акредитирани набљудувачи на територија на Р. Македонија, а вториот со 324.
2. Имплементација на проектот „ Активни граѓани – креираат политики“- финансиран од Влада на Република Македонија, Генерален секратаријат за соработка со НВО.
3. Волонтерско изготвување на андроид апликацијата „Делфина“ на македонски јазик за деца со посебни потреби која е прифатена за употреба од страна на МТСП од страна на претседателот м-р Елена Ташкова и студио Бест Солушан – Штип.

Реaлизирани активности во 2014

1. Имплементација на проектот „ ЛЕС-логопедски едукативен софтвер“- , финансиран од Влада на Република Македонија, Генерален секратаријат за соработка со НВО.

Реaлизирани активности во 2015

1. Имплементација на проектот „Музиката ги обединува разликите“, финансиран од Влада на Република Македонија, Генерален секратаријат за соработка со НВО.
2. Проект„Набавка на уреди за справување со поплави“, финансиран од Германска амбасада во Македонија во соработка со Општина Штип и Против-Пожарна единица.

Реaлизирани активности (во тек на реализација) во 2016

1. Проект: „Со едукација до поголема конкурентност при вработување на жените“- финансиран од Влада на Република Македонија, Генерален секратаријат за соработка со НВО.
2. Проект во тек на имплементација: „Чекори за самовработување на младите - од хоби до сопствен бизнис“ финансиран од Влада на Република Македонија